„Не ѝ е прв пат. Се фрли (сама) по скалите“: Се огласи мајката на Северина – откри страшни детали од конфликтот

Добивај вести на Viber

Пејачката Северина Вучковиќ е приведена во Загреб откако полицајците во Сплит пратиле барање за нејзино приведување поради кривична истрага. Причината била расправија која се случила во домот во мајката на позната пејачка во Сплит.

Според пријавата на сестра ѝ Маријана, пејачката наводно се расправа со неа пред очите на нивната мајка околу еден часот по полноќ кога од станот се слушнала врева, а сестрите наводно жестоко се удирале шамари и се тепале, по што пејачката си отишла, а нејзината сестра отишла во болница.

Таа се здобила со низа модринки по главата и грбот, а лекарите констатирале и исеченици на телото. Сплитската полиција врз основа на пријавата започнала потрага по пејачката, која потоа била приведена на аеродромот во Загреб, а по приведувањето се огласила мајката на пејачката, Ана Вучковиќ.

- Маријана се појави од никаде, се фрли по скалите, не ѝ е прв пат да ја пријави сестра си! – рече таа, пишува Вечерњи лист.

Според друга верзија на приказната, сестрата на Северина, Маријана, лажно ја пријавила пејачката за нанесување телесни повреди. Имено, според таа верзија, таа дошла во станот во кој живеат мајката и тетката на Северина и таму ја затекнала пејачката, која ја нападнала и повредила. Северина си заминала, а Маријана почнала да удира по вратите на станарите и да плаче, фрлајќи се по скалите за да се повреди.