НЕ БИЛА ШИШАНА ОД РАЃАЊЕ: Миа Марија за децата болни од рак
Четиригодишната Миа Марија не била шишана откако е родена. Нејзината мајка, Даниела Николовска вели дека, кога веќе ѝ порасна долга косата, дошла на идеја дека може да се искористи за хумани цели.
„ Почнав да истражувам за донација на коса за перики за деца болни од рак. Налетав на здружението „ЗЕДМ сложувалка“, ги исконтактирав и ми објаснија како оди постапката за донирање, ми дадоа инструкции и ме упатија каде да ја донирам, во Холандија“, раскажа мајката за Женски магазин.
Даниела, на својата ќерка ѝ покажала слики од дечиња кои се болни и немаат коса, и ѝ објаснила дека може да им помогне ако им ја даде нејзината за да ги направи среќни. „ Миа Марија е воспитувана да биде хумана и веднаш се согласи. Седна и ми кажа: Мама, шишај ме да им ја однесеме косата на тие дечиња“, објасни мајката. Косата е веќе стасана во Амстердам.