Не им треба: Шведска одбива да вакцинира помлади од 18 години против коронавирусот

Добивај вести на Viber

Додека во повеќето европски земји од почетокот на пандемијата има воведено многу ограничувачки мерки во борбата против ковид-19, Шведска зазеде контроверзен, многу поблаг пристап.
А сепак зголемувањето на бројот на заразени во Шведска, денес е еден од најниските во Европа, во ситуација кога голем дел од Стариот континент повторно се соочува со поизразено ширење на инфекцијата.

Шведската влада одлучи и дека нема да препорача вакцина против коронавирусот за помлади од 18 годишна возраст.

Според шведските експерти, децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.
Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица, пренесува CNN.

Шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел објасни дека Шведска работи на принцип на доброволна вакцина, а тоа се случи и за време на минатите пандемии кога голем број луѓе беа вакцинирани.

„Веројатно имавме најголем процент на вакцинирани во светот. На почетокот, нема да биде најрелевантно да се вакцинираат деца, туку оние кои се во ризична група - постари лица и оние кои работат со нив", рече Тегнел.

извор: novosti.rs