Не ја миела косата шест години: Причината поради која го направила тоа е неверојатна (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Веганка која не јадела месо и не користела шампони 6 години добро се насмеа на тврдењата дека е валкана, бидејќи вели дека престанувањето со користење на обични шампони е најдоброто нешто што го направила за нејзиното тело.

Лаура Ешли од Риверсајд е една од главните поборници за поприродни методи на капење. Но, „Pоо“ (Пу) е движење кое се обидува да допре до луѓето и да им укаже дека шампонот е штетен и дека тие можат да ги зачуваат косата и кожата со префрлање на нивните начини на миење.

Таа вели дека тајната за нејзините локни е да ги избегнува „корпоративните“ шампони и дека е доволно само да ја четка и мие косата. Својата рутина ја сподели на социјалните мрежи, каде доби комбинирани реакции.

Некои ѝ даваа комплименти и ѝ велеа дека косата и е убава, а други ја молеа да си ја измие главата - косата, на што таа се насмеа и им рече дека можат да имаат свое мислење.

„ Наидов на клипови од луѓе кои не ја мијат косата и почна се повеќе да ме интересира тоа. Полека се повеќе се интересирав за целата приказна и сакав што повеќе да ѝ се посветам. Тоа беше како некој „направи сам“ проект. Се прашував дали навистина можам да направам сама шампон и дали тоа значи дека никогаш повеќе нема да морам да купувам. Мојата коса сега изгледа многу поздрава. Беше рамна и постојано користев пегла и детергенти за да ја поправам. Денеска се откажав од сето тоа. Имам дури и локни“, вели Лаура.


Оцет и сода бикарбона

За првите верзии на шампонот користела оцет и сода бикарбона, но подоцна преминала само на четка, вода и масло за краевите.

- Нема шанси толку многу луѓе да живееле во историјата и дека сега наеднаш на сите им треба производ со 50 состојки во него - смета Лаура.

Таа исто така верува дека живата веганска исхрана има влијание врз нејзината одлична коса бидејќи верува дека многу проблеми со косата се предизвикани од исхраната.

- Мислам дека голем број луѓе се обидуваа да не користат шампон еден или два месеци, но се откажаа откако помислија дека косата им е одвратна. Така ќе биде некое време, но тоа е пречка што треба да ја надминете. Ако се храните лошо и користите шампон, ќе страдате од нив, вели таа.


Фото и Видео: ТикТок