Не можам да бидам тенисерка и мајка Тереза во исто време: Како живее денес и што прави Марија Шарапова (ФОТО)

Таа е најдобра другарка на Ѓоковиќ, а нивното пријателството трае со години.

Марија Шарапова (34) минатата година се повлече од тенисот, што ги растажи нејзините обожаватели ширум светот, но особено нејзиниот добар пријател Новак Ѓоковиќ (34), но сепак со приватниот живот се уште го привлекува вниманието на јавноста.

Тенисерката е свршена за британскиот бизнисмен Александар Гилкс (42) со кој се вери во декември минатата година. Оттогаш Марија постојано ја следат папараците очекувајќи да го фотографираат нејзиниот труднички стомак. А мајчинството е една од причините поради која се пензионирала.

„На секого во одреден момент од животот, почнуваат да му се случуваат различни работи, а меѓудругото овде е и прашањето за основање семејство. Тоа е причината  зошто и Серена Вилијамс извесен период ја немаше од теренот. Но јас никогаш не мислев дека ќе играм тенис по породувањето. Едноставно не би знаела да играм и да се грижам за детето во исто време. Би ме мачела помислата дека морам да го жртвувам време со децата за да се посветам на часови и часови работа на моето тело, сила и игра. Тоа не се околности во кои би имала деца“, вели таа.


Повлекувањето од тенисот ја смири Шарапова, која беше модел и која своевремено ги шокираше фановите кога падна на допинг тестовите за што обвини други. Покрај сето тоа, поради измама со недвижен имот заврши на суд, а изненади и признавајќи дека сакала да си го смени презимето за полесно да ги промовира своите слатки.


Марија почнала да тренира тенис на четиригодишна возраст, а три години подоцна се преселила во Америка со нејзиниот татко, кој позајмил 700 долари од родителите на неговата сопруга. Имено, нејзината мајка две години не можела да дојде во САД бидејќи немала виза. Поранешната тенисерка често сака да истакнува дека и покрај тоа што живее во Америка, таа е „сè уште Русинка“.


Вниманието го привлече во 2013 година со врската со тенискиот плејбој Бугаринот Григор Димитров (30), кој пред неа ја освои и Серена Вилијамс.
Шарапова и Димитров раскинаа по две години, тврдејќи дека сакаат повеќе да се фокусираат на кариерата. Сепак, се шпекулираше дека тенисерот, која беше и со пејачката Никол Шенсингер, има проблем со моногамијата.

Некои тогаш алудираа дека Марија има нешто повеќе од пријателство со Ѓоковиќ, особено кога беа снимени како излегуваат со пријателите во Лос Анџелес пред неколку години. Сепак, нив само ги спојува љубовта кон тенисот и поради тоа станаа добри пријатели.


Марија беше во фокусот и поради нејзините изјави кои многумина ги нарекоа арогантни.

„Луѓе мои, имам слава и пари од тинејџерски години. На 18 години бев прва во светот, ги победив сите Гренд Слемови. Мислите дека толку многу би се мачела со повреди, би тренирала и би се борела ако тенисот не е моја љубов?“, одговори еднаш таа на критиките.


Покрај тенисот, многу пари заработи и на спонзорства и маркетинг договори со реномирани компании, со што ја добип титулата една од најубавите спортистки на светот. Поради ова многумина коментираа дека Русинката може да дава поголеми суми за хуманитарни цели.

„Родена сум со ова лице и ова тело и се трудам да изгледам најдобро што можам како секоја жена и која било личност. Богата сум па помагам колку што можам како секој нормален човек. Сепак, пред се сум професионален спортист. А малку е потешко да се биде професионална тенисерка и Мајка Тереза ​​во исто време. Кажете што сакате, но тоа е вистина и знаете дека сум во право“, изјави Марија.


Инаку, нејзиното богатство моментално се проценува на 195 милиони долари, а поранешната тенисерка, 11 години по ред беше најплатената спортистка според Форбс.


Покрај тоа што сега ја води сопствената компанија за слатки Sugarpova, таа инвестира и во бизниси поврзани со здравје, убавина и спорт.

извор:stil.kurir.rs