Не можеме да го следиме ова, комплицирано е: Џенифер Лопез беше со Бен Афлек, сега се сретна со другиот поранешен, а третиот сака да ја врати назад

„Бенифер“ пополнуваат наслови во весници и по магазини со недели, односно по раскинувањето на свршувачката со Алекс, и повеќе од очигледно е дека Џенифер му се врати на некогашниот вереник, глумецот Бен Афлек, но тука не е крај на приказнатата - овие денови на Џеј Ло се сети и нејзиното поранешно момче Паф Деди, кој објави фотографија на Инстаграм со неа за која жестоко се расправаше, и да биде уште покомплицирано, Џенифер деновиве се виде со поранешниот сопруг и татко на нејзините деца, пејачот Марк Ентони.

Откако неколкупати беа „уловени“ од папараците како разменуваат нежности со поранешниот свршеник Бен Афлек (48), сега Џенифер Лопез (51), е снимена во Мајами на кафе со Марк Ентони (52), со кого беше во брак од 2004 до 2014 година. Таа ја сподели фотографијата на Инстаграм, а нови шпекулации се вртат околу обичното кафе.

Да потсетиме, парот заедно има близнаци Ема (13) и Макс (13). Поранешните сопружници уживаа во опуштен разговор, со што уште еднаш потврдија дека останаа во одлични односи и по разводот, што честопати го истакнуваа во интервјуата.

Но, дежурните „душобрижници“ не чекаа долго за да започнат да припишуваат повеќе од пријателство на средбата.

Интересно е и тоа што Паф Деди (51) токму сега реши да се сети на неговата врска со Џенифер, споделувајќи ја на Инстаграм нивната заедничка фотографија од времето кога тие беа среќно заљубени.

- Сите бивши ја сакаат назад - е само еден од многуте коментари на фотографијата на раперот.

Многумина го толкуваа неговиот потег како провокација кон Бен Афлек кој привремено отпатува надвор од градот по викенд одморот со Џенифер, па го означуваа актерот во коментарите под фотографијата.

Досега никој од инволвираните не ги коментираше овие наводи.

Да потсетиме, Бен и Џенифер не се разделија еден од друг последните неколку недели, а папараците исто така ги уловија како заедно уживаат во луксузната вила во Мајами. Тие биле видени и во теретана каде наводно разменувале бакнежи.

извор:24sata.hr

Има три бракови зад себе, а заврши и љубовта со Алекс Родригез: Љубовните приказни на Џенифер Лопез

Алекс Родригез е повторно виден со поранешната сопруга: Дали Џенифер Лопез е веќе минатото за него?! (ФОТО)