Не можеме да разбереме зошто се купува толку многу тоалетна хартија: Македонци од Минхен со сведоштва за коронавирусот

Добивај вести на Viber

Уште пред еден месец Германците почнаа поради коронавирусот да прават залихи од некои намирници. Денес тие слики, кои се забележливи и кај нас но и ширум Европа, се повеќе се гледаат и таму. Дел од граѓаните сами коментираат дека таквото однесување во купувањето, посебно на храна и конзервирана храна е забележливо, не во целата земја, но сигурно ширум неа.

Фактор контактираше наши државјани кои живеат неколку години во Минхен. Тие раскажуваат за моментната ситуација таму.

- Од пред два дена социјалниот живот е ограничен. Затворено е веќе се. Музеи, кината, театри а вработените делумно се ослободени до 20 април. Затворени се и спортските објекти, фитнес клубови, обложувалници и бордели. Забраната важи и за верските собири. Се затвораат и детските игралишта. Во дел од пекарите работното време е намалено, продавниците кои не продаваат прехрамбена храна се затвораат а рестораните ќе работат со скратено време. Во болниците засега нема промени во полето на работни часови-ракажуваат нашите соговорници.

Повеќе на Фактор.мк