Не ни е лесно: Кајмакоски потврди дека се разведува

Добивај вести на Viber

Даниел Кајмакоски потврди дека се разведува од манекенката Кристина Димитријевска од Тетово. Оваа вест, за време на велигденските празници ја објави „Ексклузив“, а пејачот, за естрадниот магазин „Бекстејџ“ изјави дека ова за него не е лесен период. 

„Деновиве не реагирав на објавените новости за мене само поради една причина, Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за сѐ има вистинско време. Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зашто знаеме дека е тоа најдоброто за нас. Најважно ни е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината“, напиша Кајмакоски во мејлот во Белград, каде што во моментов живее.

Даниел со Кристина и со синот Давид кој во февруари наполни две години 

Победникот на првата сезона на талент-шоуто „Икс фактор“ и Кристина го имаат синот Давид кој во февруари годинава наполни две години. 

„Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак за никој од нас не е лесен овој период“, додаде Кајмакоски. 

Во ноември минатата година, Даниел изрази желба да го прошири семејството. „ Растат толку брзо. Душо, ни треба уште едно“, ѝ порача Кајмакоски на сопругата преку својот Инстаграм профил.