Не оди никаде без килимчето за молитва и хиџабот не го симнува од глава: Како најубавата муслиманка стана авторитет
Животната приказна на манекенката Халима Аден која никогаш
не го соблекува хиџабот е многу инспиративна и испраќа силна порака до жените
Модните правила се менуваат од сезона во сезона, но има и безвременски кои секоја жена треба да ги следи. Дополнително, годините можат да го диктираат и стилот на облекување, па според тоа, експертите се согласиле за неколку работи кои жената после 50-та никогаш не треба да ги носи.
Покрај горенаведените работи, голема улога може да има и религијата кога станува збор за стилот. Една од најригорозните религии во овој поглед е исламот. Имено, во исламските земји правилата се јасни: жените ја покриваат косата, телото, а често и лицето. Еден од најголемите експоненти на „исламската мода“ е супермоделот Халима Аден, која успева да ја балансира својата манекенска кариера со строгите принципи на исламот.
- Се трудам да се молам пет пати на ден, но не успевам секогаш - вели Халима и додава - Едно од моите најнезаборавни спомени е трчањето со килим за молитва за време на модната недела во Њујорк и барањето место за молитва. За ова често ми користи шминкерницата или студиото.
Оваа млада девојка е првата манекенка со хиџаб која се фотографирала за насловната страница на британскиот магазин Vogue и се појавила во бурка на страниците на американскиот магазин Sports Illustrated каде се појавуваат претежно полуголи манекенки.
Пред две години таа стана првиот модел со хиџаб, кој потпиша договор со една од најголемите модни агенции ИГМ Моделс.
- Не менувајте се себеси, туку правилата на игра - вели Халима.
Халима е родена во бегалски камп во Кенија. Нејзиното семејство е по потекло од Сомалија. Во средината на 1990-тите, тие побегнале од една од најкрвавите војни на африканскиот континент.
Нејзината мајка пешачела 12 дена пред да стигне во Кенија. Кога Халима имала шест години, се преселила во САД со нејзината мајка и брат. Врската со таткото на Халима била изгубена за време на војната.
По еден натпревар Халима добила понуда за соработка со една од најголемите светски модни агенции IGM Models.
Таа се согласила, но поставила услов, да учествува на снимањата и да излезе на подиумот само ако носи хиџаб - Јас носам хиџаб од детството, за мене тоа е незаменлив дел од мојата секојдневна гардероба, исто како пар чевли.
Халима има строги барања кога е во прашање облеката што ја рекламира. Нејзината религија не ѝ дозволува да им покажува на луѓето ништо друго освен лицето, рацете и нозете. Тоа го пишува и во нејзиниот договор.
За многумина во муслиманскиот свет и пошироко, хиџабот долго време е повеќе од обична облека. Некои го гледаат како симбол на потчинување и беззаконие, додека други го гледаат како можност да се избегне непотребното внимание и знак на внатрешна слобода, пишува Данас.
Во некои земји, жената не може да излезе на улица без хиџаб, без да се плаши дека ќе биде претепана или ставена во затвор.
Критичарите велат дека пистата на Халима со хиџаб, сакајќи или не, го промовира хиџабот како задолжителен додаток за жените во муслиманскиот свет, што ги прави слични ограничувања нормални.
- Во ниту една земја во светот, ниту една жена не смее да носи хиџаб против своја волја, ниту пак да го соблекува под принуда. Носам хиџаб затоа што ме прави убава и ми дава самодоверба – одговара Халима.
Ја прашаа Халима дали може еднаш да излезе на подиумот без хиџаб, за да им докаже на жените кои немаат избор дека тоа е можно?
-Тоа би било во спротивност и би ја лишило целата идеја од значење, се спротивстави таа. Ако сакаме да живееме во општество каде жената има право сама да одлучува, тогаш не е во ред да ме прашувате за тоа. На крајот на краиштата, ми го одзема правото да носам нешто што ме прави да се чувствувам убаво и самоуверено. И тоа е мојот хиџаб.
- Без разлика каков стил на облекување ќе изберете, вие сте достојни за почит, поддршка и љубов. Тоа е мојата порака.
Додека денес на секој чекор најмногу можеме да видиме голотија и мода која е на граница на вулгарно и погрдно, оваа млада девојка покажа дека правилата не мора слепо да се почитуваат, а дека доследноста кон себе и своите соништа е најважна.
Фото насловна: Профимедиа - Колаж
Фото: pinterest