Не сакам ништо вештачко на мене - надградби, филери, ботокси не практикувам: Пред огледало со Благица Димитровска

Добивај вести на Viber

Актерката Благица Димитровска е дел од ансамблот на Драмскиот театар во Скопје. 

Таа е атрактивна дама која внимава на својот изглед и е препознатлива по нејзината секогаш средена фризура.

Димитровска истакнува дека речиси никогаш не користи нападна шминка и се труди да изгледа поприродно, особено нејзиното лице, а за Женски магазин ги открива и останатите нејзините ритуали за убавина.

  

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Негата на лицето и кожата се битен дел за нашето здравје и естетски изглед. Мојата дневна козметичка рутина: Најпрвин го мијам лицето потоа го чистам со мицеларна вода, ставам серум за лице и на крај крема за хидратација. Пред секое излегување се шминкам, ставам пудра (денска, ноќна), маскара и кармин/сјај за усни. Речиси никогаш не користам нападна шминка, се трудам што по природно да изгледа моето лице. За косата секогаш се грижам да ми биде суредена и затоа секојдневно обрнувам внимание каков стил на фризура ќе имам. 

 

*  Со какви препарати го негувате лицето?

- Користам серуими, маски и креми за лице. Најчесто хидратантни бидејќи имам сува кожа.

* Посетувате ли козметички салони? 

- Два пати месечно задолжително одам на различни видови на масажа на цело тело. Бидејќи моето тело е физички активно многу затоа масажата ми помага да се релаксирам како физички така и психички. Масажа и третман на лице исто така. Не сакам ништо вештачко на мене, така да надградба на нокти, филери, ботокси - полнење на усни ect. не практикувам. 

 

* Кои производи ги употребувате за нега на коса? 

- За нега на коса користам регенератор,маска и силиконски капки.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? 

- Кога прикривам најчесто се тоа пегите, знам многу би биле изненадени и не би се сложиле но јас не си ги сакам пегите. Најмногу ги истакнувам очите. 

 

* Кои се Вашите омилени козметички производи? 

-  Маскара за очи, кармин и парфем.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер? 

- Крема за раце, но и кармин, лабело и сјај за усни, ги носам и користам сите три за различен период од денот. 

* Омилен парфем? 

- Секој lotus flower парфем.

* Како ја одржувате линијата? 

- Ја сум слаба целиот мој живот, така да би се заблогадарила на моите гени бидејќи не правам никакви посебни напори за одржување на линијата.

!!! Да напоменам поголемиот дел од производите кои ги користам внимавам да не се Animal tested производи. 


Н.Миланова