„Не сакаме дебела тетка што ќе ни го чува детето“: Семејство бара дадилка, а со огласот го шокираше регионот
„Можеше ли да објавиш поодвратен оглас“, е само еден од коментарите?
Во морето огласи за чување деца, еден ги налути корисниците на социјалните мрежи. Предметниот оглас го објавил родител кој бара дадилка за десетмесечно бебе, но со специфични и според многумина навредливи услови.
-Барам тетка повремено да чува 10-месечно девојче. Не сакаме дебела тетка или тетка што живее со домашно милениче. Сакаме да има искуство во згрижување деца (на пример работа во градинка). Контактирајте не‘ приватно - стои во огласот кој набрзо стана вирален.
Сепак, токму делот за „дебелите тетки“ предизвика лавина негативни коментари.
„Извинете, колку точно килограми се дозволени?“, „Можеше ли да објавиш поодвратен оглас?“, „Ова е срамота!“, се само дел од коментарите.
Додека многумина се прашуваат каде е линијата кога станува збор за барањата во огласи, јасно е дека оваа форма на комуникација предизвикува бес, бидејќи многумина се прашуваат „што точно ова мало девојче ќе научи од своите родители?“.
Фото: freepik/facebook