Не се караат, не викаат еден на друг, не посакале други љубовници: Овој пар 70 години ги одржува една убава навика

Добивај вести на Viber


Бракот на Џон и Еви трае 70 години и низ сите овие години тие никогаш не се откажале од една добра навика.

„Се запознавме кога двајцата имавме десет години. Се преселив во неговото соседство, а со оглед на тоа дека сме на иста возраст, тоа значи дека се знаеме 80 години“, вели Еви од Минесота, која нејзиниот сопруг Џон цело време ја нарекува: „Душо“.

Ги снимила нејзината внука со желба да ја овековечи и сподели со сите приказната за љубовта која трае повеќе од 70 години!

„Имам 89 години, а тој уште ми вели дека моето тело го излудува“, низ смеа вели неговата сакана сопруга, а љубовникот го потврдува тоа.

„Навечер, јас сум тој што прв скокнува во кревет, но секогаш доаѓам до неа и ја бакнувам за добра ноќ“. Тоа не е единствената убава работа што ја прават постојано.

„Секогаш си изјавуваме љубов еден на друг. Секој ден. Мислам дека никогаш не сме го прескокнале тоа“. Исто така, тие секогаш се држат за раце.

„Тоа почнавме да го правиме кога бевме средно, а сега го правиме за да се држиме, да останеме исправени“, велат и се смеат, додека нивната внука ги снима.

Баба вели дека се заљубила во сопругот бидејќи се разликувал од другите на училиште, бил непослушен и тоа многу и се допаднало.

„Ми пишуваше и љубовни писма, на картонски чинии.

Тие ги советуваат младите дека доколку сакаат нивниот брак да трае долго, мора да бидат љубезни еден кон друг, да бидат добри пријатели, но и секогаш да се смеат и да уживаат во заедничкиот живот.

„Еднаш му реков дека никогаш не ме привлекуваат други мажи, а тој ми одговори дека никогаш не го привлекуваат ниту други жени.

И, конечно, ни кажаа кое време во животот е најдобро:

„Кога твоите деца ќе се венчаат и ќе ти подарат внуци. Врвот на нашиот брак е нашата правнука Еди. Таа е, извинете, но најубавото и најмилото суштество на светот“.