Не се откажувам лесно и сѐ уште верувам во љубовта: Анистон проговори за емоциите и за стареењето
Холивудската актерка оваа година го прослави својот
јубилеен 50-ти роденден, а како ѕвезда на најновото издание на американскиот
магазин Harper's Bazaar одлучи храбро да позира топлес и отворено проговори за љубовта, но и за
стареењето
По повод промоцијата на новата акциска комедија Murder Mystery, во која глуми рамо до рамо со актерот Адам Сендлер, славната Џенифер Анистон се најде на насловната страна на најновото издание на магазинот Harper's Bazaar, за кое даде интервју каде искрено допре до својот љубовен живот.
- Се чувствував потполно нормално, додека позирав топлес за новото издание. Нашите тела се преубави и сметам дека нивното восхитување и чувството на комфор, без оглед на годините е многу важен. Никогаш не смееме да се срамиме од нашето тело или да се чувствуваме незгодно - вели Анистон.
Иако моментално не е во врска, Џенифер призна дека е отворена за нова љубов, но дека истата не планира да ја бара на постоечките апликации за запознавање. Нејзиниот фокус веќе подолго време е кариерата, затоа што состаноците и врските, како што вели, не се на врвот приоритети. Џенифер верува дека романитиката, како и да изгледа истата, ќе се појави сама од себе, а не кога таа би ја барала.
Иако два пати на сопстевена кожа има доживеано развод, од актерот Бред Пит и од Џастин Теру, ѕвездата на серијата „Пријатели“ признава дека од љубовта сѐ уште се нема откажано.
- Верувам дека имаме многу сродни души. Со некои луѓе сум пријателка веќе 35 години. Мислам дека сите правиме некој вид на несвесен договор. Тоа е како кога ќе се сретнат одредена група луѓе, тие формираат мал собир на душите, некој вид заедничко собирање на нивните души кои им се спојуваат - објаснува актерката.
Кога љубовта би затропала на вратата на оваа актерка, таа ќе биде повеќе од добредојдена. Џенифер не е личност која лесно се откажува и која не верува дека никогаш повеќе нема да ѝ се случи љубов во животот. Нејзиниот животен тек не се одвиваше по очекуваното, но ништо од нејзинито минато не ѝ дава причина да се разочара и затвори во себе.