Не се оженив тајно, ништо не кријам: Коки проговори за новата сопруга
Музичарот Николчо Јанков- Коки веќе неколку месеци е во брак со скопската адвокатка Маја, по разводот со портпаролката на АМСМ Росана Петревска.
По гласините дека Коки тајно се оженил, тој за Женски магазин октрива дека не станува збор за никакаква свадба.
Маја и јас сме во брак веќе некое време.- Втората сопруга на Коки
„Маја и јас сме во брак веќе извесно време. Немаше свадба, само склучивме граѓански брак. Забавата за која многумина мислеа дека е свадба, не е никаква венчавка, и нема зошто било што да криеме. Таа славеше роденден, забавата беше по тој повод. Траеше од 21 часот до полноќ, и која е логиката да правам свадба која трае само три часа, и зошто би била тајна“, изјави виолинистот за Женски магазин.
Тој додава дека интересен повод за јавноста да се занимава со него е учеството на фестивалот „Макфест“ во неговиот роден Штип годинава во октомври.
„Имам прекрасна песна и за прв пат по долги години ќе пеам на „Макфест“, за жал, без Дуле“, ни изјави Коки кој заедно со неговиот покоен колега за прв пат се појави на макфестовската сцена во 1996 година и победија со песната „Виолина и гитара“. (М.Џ.)