Не секој ден од бременоста е лесен: Водителката Милена со нетрпение очекува да ја донесе на свет својата втора ќерка

Добивај вести на Viber

Водителката Милена Антовска - Станковска го очекува своето второ дете, заедно со нејзиниот избраник Гордан Станковски. Во интервју за Женски магазин откри дека заминала и порано на породилно, и дека оваа бременост ѝ е многу поразлична од првата, но дека е внимателна и дека ги следи знаците кои ѝ ги испраќа неродената ќерка.

Најсреќна за приновата, секако е малата Лана Марија, која како што откри водителката, секое утро ѝ го бакнува стомакот и ѝ пее на сестра ѝ. 

И покрај тоа што е во блажена состојбата, водителката на своите профили често споделува фотографии на кои е скоцкана од глава до петици, па така беше и овој пат. Имено, таа сподели неколку фотки на кои изгледа одлично. Комплетот од здолниште со отвор и палто во крем боја одлично ги искомбинирала со чизмите до под колена, како и со ситните детали кои ѝ го надполнуваат целиот изглед. 

Во оваа комбинација фокусот е ставен на нејзиното трудничко стомаче, а дека тоа е така потврдува и описот на фотографиите.

„Не секој ден од бременоста е лесен, но секое ново утро ме носи поблиску до тебе. Знам дека нема да биде лесно, но сигурна сум дека ќе вреди“ - напиша водителката, на фотографиите кои ги сподели на својот Фејсбук профил.