Не сме свесни колку се корисни: Праските лек за организмот

Добивај вести на Viber

Праската е една од омилените овошки на многу луѓе, но освен што се вкусни, тие се и многу корисни за нашиот организам. За татковина на праската се смета Кина, но во модерните времиња станаа широко распространет плод. Постојат над 5.000 видови праски со жолта, розова или бела внатрешност.

Поради високата содржина на витамини и минерали, праските го подобруваат видот, дигестивниот и уринарниот систем и ја прават кожата мазна. Праските содржат витамин Б, PP, Ц, Е и каротин (колку жолти се плодовите толку е повисока и неговата содржина).

Избирајте повеќе жолти праски, бидејќи каротинот ја подобрува циркулацијата и видот.

Праските исто така се богати со калиум, натриум, фосфор, магнезиум и калциум. Една од најважните состојки на праски е Пектинот кој зависи од степенот на зрелост - во зелените. Пектинот е два пати помал отколку во зрелите праски.

Вкусните плодови имаат и својства кои се спротиставуваат на процесот на стареење, го подобруваат имунитетот и ги отстрануваат токсините од организмот.

Чајот од праски во Кина се користи за чистење на бубрезите и исфрлање на штетните материи од организмот. Бидејќи има висока содржина на влакна и калиум, плодот може да ги намали стомачните киселини, воспаленијата и бубрежните заболувања.

Консумирањето праски е корисно и за функциите на цревата и за стимулирање на жолчката.

Поради содржината на магнезиум, праските ја подобруваат емоционалната рамнотежа, го намалуваат стресот и го зголемуваат расположението.

Праските содржат и витамин Ц, кој има важна улога во формирањето на колагенот. Овој вкусен плод може да биде корисен и во борбата против брчките, истовремено ја подобрува текстурата на кожата и помага на организмот да се справи со повредите предизвикани од сончевите зраци и загадената урбанизирана и индустриска средина.