Не сте ни свесни колу опасна навика имате: Дали работите од кревет?

Иако е пријатно, работата од дома крие бројни опасности по здравјето

Работата од кревет или спалната соба има свои предности, но и недостатоци. Можеби имате впечаток дека не работите или внесувате немири во просторијата каде што нормално одмарате.

Еден од проблемите е осветлувањето. Дури и во облачен зимски ден, надвор има најмалку 10 пати повеќе светлина отколку во затворен простор. Ако повеќе не патувате на работа, недостатокот на дневна светлина може да има последици врз вашиот сон.

Едно истражување открило дека канцелариските работници кои биле изложени на повеќе дневна светлина, особено во текот на утрото, им требале 18 минути за да заспијат, а оние кои го поминувале утрото на темна или пригушена светлина им биле потребни 45 минути. Работниците од првата група исто така спиеле 20 минути подолго, имале квалитетен сон и пријавиле помалку симптоми на депресија.

Работата од кревет, исто така, ризикува да создаде хаос во спалната соба. Може да ве потсети на задачите што не сте успеале да ги завршите или на роковите за утре. Ова може да има штетно влијание врз спиењето, затоа обидете се да ги средите сите предмети поврзани со работата на крајот од работниот ден.

Работата од кревет не влијае само на спиењето. Исто така, може да влијае на вашиот сексуален живот.

Иако многу парови тврдат дека нивниот сексуален живот станал подобар отколку пред пандемијата, други се борат затворени во мали простори и заробени во здодевни патишта, тврдат психолозите Кејт Андерс и Дебора Бејли Родригез, како што објави Гардијан.

Ако работиме, уживаме и спиеме во иста просторија, тоа може да ни отежне да ја смениме функцијата на просторијата.

- Многу луѓе се жалат дека им фали желба за секс со партнерот, а тоа главно се должи на недостаток на промена во околината - вели психотерапевтот Кејт Мојл и предлага промена на атмосферата во спалната соба со цел да се добие желба за секс.

Таа смета дека тоа може да биде паметна промена на осветлувањето во спалната соба или воведување на нов мирис.


Можеби ќе ве интересира:

Работи на 5 работни места за да преживее: И тоа не е доволно