Не сум љубител на многу нападна шминка: Пред огледало со Адријана Ацевска
Фолк пејачката Адријана Ацевска во јавноста е повеќе позната како Адријана Кеш - по името на песната по која таа стана препознатлива. Меѓутоа убавата и атрактива пејачка е дама која има впечатлива насмевка и долга коса. Таа за себе вели дека секогаш е на некаква диета и внимава што јаде и така ја одржува фигурата, но и дека не љубител на многу нападна шминка.
Како го започнува денот, кој е нејзиниот омилен парфем и што носи во несесерот, откријте во продолжение.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Утрото го започнувам стандардно со миење на лице со ладна вода и дневен крем. Доколку немам обврски надвор од домот, истото го повторувам пред спиење, а ако нанесувам шминка во текот на денот, тогаш пред спиење лицето го чистам темелно.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Најчесто користам козметика од линијата на L'Oréal.
* Посетувате ли козметички салони?
- Мислам дека секоја жена својата комфорт зона ја наоѓа во козметички салон... Исто така и јас гледам колку можам почесто да си пружам такво задоволство.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- За нега на коса, долг период го користам шампонот и лосион Alpecin, а како маска еднаш неделно користам масло Amla во комбинација со кокосово масло.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Јас не сум љубител на многу нападна шминка. Истата не ја користам ниту да прекријам, ниту да истакнам нешто. Шминката што ја користам ми служи да добијам посвеж изглед.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Омилен козметички производ ми е маска за лице. Без разлика дали е нанесена во козметички салон или дома, секогаш после тоа уживам во свежината на моето лице.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Во несесерот „must have“ ми е огледало со камена пудра, чешел за коса, влажни марамчиња, молив за уста и кармин.
* Омилен парфем?
- Немам омилен парфем, ги сакам сите. Има парфеми кои ги користам често и парфеми кои ги користам повремено, а најчесто ги користам Rush na Gucci I Versace-Dylan Blue.
* Како ја одржувате линијата?
- Од кога знам за себе, јас сум на некаква диета. Се случува да се опуштам месец - два, ама затоа после тоа ми треба повеќе време да се вратам во нормала.
Наталија.М.
Фото: Приватна архива