Неда Украден отворено за кризата: Трошам колку што имам, нема за на Малдивите и нов Мерцедес

Пејачката Неда Украден е многу активна на Инстаграм, влезе во осмата деценија од својот живот, но сепак може да се пофали со фантастичен изглед, а со своите фотографии често остава без текст. Претходните месеци беа многу инспиративни за неа, и иако немаше настапи, пејачката најде хоби и се сврте кон пишување автобиографија, која успешно ја заврши.

Имајќи предвид дека социјалните мрежи станаа секојдневие на секој од нас, таа за порталот 24sedam, даде искрена проценка за социјалните мрежи, особено за ТикТок, бидејќи сме сведоци на многу негативно влијание на оваа мрежа.

„Страшно е, би го укинала, забранила, дефинитивно има катастрофално влијание врз овој млад свет, кој сè уште не може да одвои што е фикција, а што реалност. Ако е напредок на човештвото да се убиваат деца со разни игри, тоа е многу тажно. Социјалните мрежи ни помогнаа колку што ни помогнаа. Не е сè во испраќање пораки и преписки“ - вели пејачката.

Неда Украден еднаш изјави дека пејачите на естрадата се загрозени бидејќи немаат приход скоро една година, без да размислува за себе, а оваа нејзина изјава многумина ја сфатија погрешно. На прашањето колкави и се сега трошоците кога нема финансиски приход, пејачката одговори:

„Не би зборувала за финансии, бидејќи тоа секогаш води до жалење или пофалби. Јас сум нормална личност, како и сите вас, живеам во семејство кое има три деца и три возрасни члена. Тука се потребни секојдневни намирници, за мене отсекогаш важеше правилото да трошам онолку колку што имам. Нема место да се размислува за Малдивите и за нов Мерцедес, ние сме таму каде што сме. Убаво е што се посветивме, не сум уживала толку многу во семејството откако се омажив“ - рече таа и додаде:

„Ненормално е да му забраните некому да си ја извршува својата работа и да очекувате дека тоа ќе направи некого среќен. Луѓето се очајни, не работат, не секој е голема ѕвезда, луѓето кои се музичари имаат семејства, даноци, заеми, тоа требаше да наиде на разбирање. Се подразбира дека е убаво кога сите заработуваме, сите треба да бидеме поддршка еден на друг, но дека некој ќе триумфира затоа што некој не работи, тој некој треба да е болен човек“ - вели Неда Украден.