Недела на новогодишни донации на ЕВН Македонија

Добивај вести на Viber

Последната недела од годината, традиционално, ЕВН обезбеди новогодишни донации во пакети со прехранбени производи и новогодишни пакетчиња за најмладите од социјално загрозени семејства.

Пакети со храна ЕВН донираше и за верниците на Македонската православна Црква и Исламската Верска Заедница. Во Медресата во скопското село Кондово беа поделени дел од донациите кои за верниците се можност нивната новогодишна трпеза да биде збогатена во време кога се споделува љубов, добрина и разбирање. Пакети со храна ќе бидат поделени и во другите верски објекти на ИВЗ низ Македонија.

И овој Божиќ и Нова Година во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле“ на Македонската Православна Црква во населбата Ѓорче Петров, ќе се подготват празнични јадења за верниците. Пакетчиња со храна и годинава свештениците ќе достават до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или живееат во далечните рурални средини.

Новогодишните донации беа заокружени со доделување на новогодишни пакетчиња за дечињата од Посебното основно училиште „ Д-р Златан Сремац“ од Скопје, Дневниот центар за лица со церебрална парализа и во повеќе други центри за згрижување на деца од социјално ранливите категории.