Неделен хороскоп (04-10 април): Паралелна врска за некој, тест фаза во љубовта за друг

Добивај вести на Viber

Вага

Невработената Вага може да добие важен повик за интервју за работа. Се ќе зависи од вашето ниво на самодоверба. Бидете внимателни бидејќи може да се појави покомплексна ситуација на љубовен план, во форма на паралелна врска. 

Шкорпија

Неделава посветете посебно внимание на финансискиот план. Можни се неочекувани трошоци. Слободните скорпии можат да запознаат нова личност во знакот Бик. Скорпиите во врска поминуваат низ чувствителен период кога се можни недоразбирања. 

Стрелец

Постабилен прилив на пари ќе го одбележи овој период. Поволен период за планирање и осмислување на нови деловни тактики. Преминувањето на границите на пријателството со некоја личност може да биде главна тема на вашите мисли. Веќе подолго време негувате повеќе од пријателски чувства кон пријателот. 

Јарец

Неделава е погодна за службени патувања. Ве очекува успех преку соработка со странски партнери. Слободните Јарци ги чека љубовна авантура на нивните патувања. Јарците кои се во врска планираат заедничко патување со партнерот. 

Водолија

Планетарните аспекти укажуваат на тоа дека во овој период може да имате тајни непријатели. Зависта на колегите може да придонесе за разни интриги. Водолијата може да запознае интересна личност преку пријател. 

Риба

Успех ги очекува оние Риби кои соработуваат со странски компании. Сепак, бидете внимателни со премногу добри понуди. Неделава сите аспекти укажуваат на стабилизирање на односот со партнерот. Периодот на криза сега е зад вас. Сега се чувствувате одлично.



Претходна страна