Неделен хороскоп (04-10 април): Паралелна врска за некој, тест фаза во љубовта за друг
Овен
Бидете внимателни со новата деловна соработка која ви е понудена. Невработениот Овен може да добие одлична нова деловна понуда.
Слободниот Овен ќе започне врска. Овните кои се во врска минуваат низ тест фаза, бидејќи може да дојде до недоверба во односот.
Бик
Ве очекуваат важни вести од странство. Ви претстои успешен период доколку вашиот бизнис се заснова на соработка со странство. Неделава можно е да одите на патување заедно со партнерот. Има се поголемо зближување помеѓу вас.
Близнаци
Неделава се' ќе ви биде многу полесно. Искористете ја наклонетоста на планетите бидејќи правилниот деловен потег може да ви донесе значителен профит. Близнаците кои се во врска може да очекуваат сериозен разговор со партнерот - криза на доверба.
Рак
Искористете ги поволните аспекти бидејќи вистинскиот деловен потег може да ви донесе значителен финансиски напредок. Зголемениот магнетизам ќе ве натера да го привлекувате вниманието на спротивниот пол на секој чекор.Оние Ракови кои се во врска можат да бидат во искушение.
Лав
Ќе дојде до завршување на важна работа што сте ја започнале порано. Неделава ќе се соочувате со посебен успех доколку се занимавате со недвижнини. Голема финансиска добивка.
Лавовите кои се во сериозна врска интензивно размислуваат за основање семејство.
Девица
Оваа недела може да ви донесе успех на службено патување или како дел од професионалното усовршување. Девицата ја очекува стабилизација на емотивен план. Слободните Девици можат да се заљубат на прв поглед.