Неделен хороскоп 13-19 март: Бикови, водете сметка каде ви одат парите, Ракови ќе ви се активра стравот од минатото
Овен
Цела недела сте многу нервозни поради вниманието на партнерот, кое е претерано и не ви се допаѓа. Ќе бидете под силно влијание на Меркур, кој ве предупредува да се грижите за вашето здравје.
Бик
Венера во Јарец го активира вашето поле на љубовна комуникација и имате стабилна комуникација со партнерот. До крајот на неделава можни се дополнителни трошоци поради барања на семејството.
Близнаци
Во овој период најважно ви е да се посветите на себе и на пријателите. Многумина ве замолија да им се посветите и да поминете малку време со нив. Проблеми со синусите.
Рак
Неделава ќе бидете под влијание на Марс, кој го активира вашето поле на стравови од минатото. Добро организирајте се и бидете максимално отворени за нови деловни опции бидејќи стравовите можат само емотивно да ве блокираат.