Неделен хороскоп 13-19 ноември: Шкорпијата пред голема одлука, Лавот шармира колешка, а овој знак прави сѐ за да добие пари
Стрелец
Работа: Стрелците ги очекува зголемен обем на обврски, па тие првенствено треба да се занимаваат со неподмирените обврски, пред да прифатат нови. Важно е да не брзате, туку да работите според вашите можности.
Љубов: Видливо разочарување може да ве следи во љубовната сфера, доколку не успеете да ја контролирате својата импулсивност и избрзаните одлуки.
Здравје: Слаба циркулација.
Јарец
Работа: Видлива работна етика и желба за докажување ќе бидат присутни деновиве кај повеќето Јарци. Можно е пократко службено патување.
Љубов: Нема индикации за некакви капитални настани во љубовната сфера во текот на неделава. Бидете искрени за вашите намери.
Здравје: Сосема солидно.
Водолија
Работа: Повеќето типични претставници на Водолијата ги очекуваат слични денови како и претходната недела. Зголемен обем на работа, со многу флуктуирачка енергија, но ќе успеете да се справите со сите предизвици.
Љубов: Можни се помали љубовни недоразбирања со саканата личност. Обидете се да бидете трпеливи и да најдете заедничко компромисно решение.
Здравје: Многу добро.
Риба
Работа: Обидете се да бидете што е можно појасни во искажувањето на вашите ставови, но и да ги повторите најбаналните работи доколку е потребно, бидејќи постои голема веројатност никој да не ве разбере.
Љубов: Опуштената атмосфера и пријатното друштво даваат реални шанси за нови познанства, флертување и со помлада личност. Уживајте.
Здравје: Можна чувствителност на зглобови, ситни коски.