Неделен хороскоп од 2 до 9 август: Летото тукушто почнува за овие знаци
Лав
Одлично се чувствувате. Расположени сте за дружење и уживање. Не сте сконцентрирани на работата. Очекувајте подобрување на финансиската состојба, затоа што полека ќе почне да ви се исплатува вложениот напор. Некоја повозрасна женска личност од семејството може да има помала дискусија со вас, но немојте да се вознемирувате. Зборувате премногу, но оваа недела може да остварите добри контакти, па искористете ги добрите аспекти за тоа.
Девица
Не се чувствувате многу добро оваа недела. Како се да ви оди наопаку. Најдобро ќе биде да се посветите малку повеќе на себе си. Обидете се да се фокусирате на работата, но не правете повеќе работи во исто време, бидејќи нема да постигнете ништо. Фокусирајте се. Оваа недела е добро за сумирање на резултатите, за да можете да тргнете кон нови успеси.
Вага
Планирајте некое пократко или подолго патување. Сега е време вашите планови да ги ставите на прво место. Обидете се да се фокусирате на иднината. Се ќе ви оди од раце, другите луѓе ќе сакаат да ви помогнат. Искористете ги добрите можности. Вие сте страствени. Бидете внимателни како ќе ги трошите парите.
Скорпија
Оваа недела ќе бидете повеќе страствени од вообичаеното.Потрудете се да работите повеќе, па така негативната енергија ќе ја искористите на работа и нема да дојде со расправии со членовите на семејството за пари. Не сте опуштени, се чувствувате некако ограничено и нервозни сте во врска со состојбата со пари, но тоа ќе се промени наскоро. Подобра е комуникацијата со надредените. Партнерот е романтичен.