Неделен хороскоп од 2 до 9 август: Летото тукушто почнува за овие знаци
Стрелец
Партнерот ќе биде позборлест од вообичаеното, а вие и понатаму ќе се вртите околу некои работи од минатото. Важно е минатото да го оставите таму каде што припаѓа. Бидете колегијални кон соработниците, и покрај тоа што гледате дека тие не се склони кон соработка. Се чувствувате подобро, сакате да работите повеќе и да го проширите бизнисот.
Јарец
Поделете ја работата на неколку делови. Немојте да се нервирате за сè што велат другите луѓе на работното место. Најважно е да не бидете површни. Можеби ќе се двоумите помеѓу две понуди за работа, а можно е да добиете нова работа. Важно е да направите добар избор.
Водолија
Конечно сфаќате дека доаѓа летото и дека морате малку да се активирате. Немојте да се нервирате поради тоа што имате многу обврски, туку фокусирајте се на подобра организација на времето. Бидете повредни. Не очекувајте некој друг да го одработи она што мора да го сработите вие. Бидете поодговорни на работното место.
Риби
Од оваа недела ќе поминувате повеќе време со своето семејство. Ќе се свртите кон приватниот живот, а работното место нема да биде толку во преден план. Потрудете се се’ добро да организирате. Имате голем број на обврски околу домот. Можете да имате ненадејни гости. Односот со партнерот се подобрува. Слободните риби може да запознаат некоја нова личност која не е од истото место.