Недостатокот од инфектолози, интернисти, анестезиолози, пулмолози влијае за големата стапка на смртност

Добивај вести на Viber

Дали е есента виновна за високиот број на новозаразени или преголемото опуштање на граѓаните? Министерот за здравство, Венко Филипче веќе напомена дека ова е очекуваниот есенски бран, па веќе и почнаа со одредени рестриктивни мерки, со кои прво ги забранија јавните настапи на музичарите во угостителските објекти.

Епидемиолозите велат: „Мерки има, само свест нема“.

-Во овој период дефинитивно ќе се покажат голем број позитивни пред сè од собирањата на забави и журки по кафулињата. Веќе сме досадни со постојаното апелирање за почитување на мерките. Толку ли е тешко да се стрпиме малку со сè.  Па и да има забава, па и да има пејач, нека се седне на масите, и нека се испочитуваат протоколите. Ова цело лето, урнебес по кафеаните. Па после сме имале волкави бројки, како може да немаме. Свеста на овој народ е на најниски гранки. Пак ли треба да правиме карнатини, иако дури и на тоа бевме сведоци дека дел ги прекршуваа, но секако дадоа резултати, вели директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот, д-р. Александар Стојанов за Фактор.

Истакнува дека невозможно е да се стават во изолација контактите на новозаразените, на кои при земање брис им се прави епидемиолошка анкета, а со тоа да се спречи понатамошно ширење на корона вирусот.

-Ништо не е објективно. Или ги кријат контактите или пак и да сакаат да ги кажат, не знаат да ги кажат, бидејќи не знаат каде се заразиле. Дали во комбито со кое дошле на миниконцертот или пак додека биле на забавата. И на двете места има преголем број на луѓе, вели д-р. Стојанов и додава дека сега имаме среќа што најголемиот број од позитивните се со лесна форма на вирусот, како и асимптоматски, односно немаат симптоми.

Текстот продолжува на Фактор.мк/Анита Буховски