Нејзиното тажно лице го обиколи светот, остана без маж и ја уапсија: Еве како изгледа денес најпознатата Авганистанка

Таа стана позната низ светот како лице на сите бегалци, благодарение на сега познатата фотографија направена од фотографот Стив МекКари. Гула тогаш имаше само 12 години

Цел свет слушна за девојчето од Авганистан кога нејзиното лице се појави на насловната страница на списанието „National Geographic“ пред 36 години, а таа конечно се спаси од талибанците.

Шарбат Гула молеше да биде извлечен од Авганистан откако Талибанците насилно ја презедоа власта во август кога влегоа во Кабул.

Нејзиното барање било исполнето, но познатата Гула во меѓувреме останала вдовица и таа била спасена.

Светот немаше информации цели 12 години  откако е направена познатата фотографија за неа, а потоа се дозна дека таа пристигнала во Пакистан како бегалка.

Во 2016 година била уапсена со лажна лична карта, поради што е осудена на 15 дена затвор и парична казна, по што била протерана од државата.

-Како дете ги освои срцата на милиони луѓе и стана симбол на сите бегалци. Големата убавина, огромната енергија што се гледаше од нејзиното лице доведе до нејзината фотка да стане најпознатата фотографија од крајот на 20 век. Моја привилегија е да ја пречекам, да ѝ посакам добредојде. Горди сме што конечно може да живее достоинствено и безбедно во својата татковина – изјави тогаш тој.

Впрочем, таа пристигна во Италија, а премиерот на таа земја ги прифати Гула и нејзините четири деца.

После тоа, авганистанската влада се сожали на нејзината судбина, па тогашниот претседател на Авганистан ја пречека, но и вети куќа. 

Тој мир кратко траеше за Шарбат Гула, која веројатно сега ќе има повеќе среќа во Италија.


Фото: Профимедиа

Како денес изгледа најпознатата жртва на Талибанците: Насилно ја омажиле на 14 години, ѝ ги отсекле носот и ушите (ФОТО)