Неколку состојки, неколку минути од вашето време, а останатото ќе го направи рерната: Пробајте го неодоливиот лава колач!
Нова димензија на подготовка на десерт со Gorenje Optibake
Фантастичен избор за сите љубители на чоколадо. Едноставна и многу брза подготовка, само неколку состојки кои повеќето од нас секогаш ги имаат во кујната и неодоливиот вкус ќе го направи овој колач еден од омилените задоволства на целото семејство уште по првото правење. Лава колачот е идеално решение кога ќе дојдат ненајавени гости или кога сакате да јадете нешто слатко, а немате многу време. Иако можеби изгледа комплицирано, единствениот трик за успешна подготовка е да го одредите вистинското време кога колачот е готов за да бидете сигурни дека ќе ја добиете посакуваната структура. Но, нема потреба да се грижите доколку имате вистински асистент во вашата кујна, како што е новата Gorenje Optibake вградна рерна, која ќе го однесе вашето кулинарско искуство во сосема нова димензија, додека резултатите ќе бидат неспоредливо подобри.
Овој колач го добило своето интересно име благодарение на течниот средишен дел, стопеното чоколадо кое се растекува при сечењето на колачот, потсетувајќи на лава од активен вулкан. Заслугата за оригиналниот рецепт му се припишува на американски готвач, кој тврдел дека првиот таков десерт го направил во 1987 година во Њујорк. Според него, откритието било сосема случајно. Предвреме го извадил колачот од рерна и сфатил дека средината е течна, а вкусот е исклучително убав.
Колачот се прави од само пет состојки: 250 грама путер, 4 јајца, 120 грама шеќер, 250 грама чоколада за готвење и 160 грама брашно.
Во едниот сад изматете ги јајцата со шеќерот, во другиот растопената чоколада со путерот. Потоа соединете ги двете смеси и мешајте додека не добиете мазна и компактна смеса, па додадете брашно. Со смесата наполнете ги калапите за мафини до врв, па печете околу 7 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
Доколку имате Gorenje Optibake вградна рерна, неверојатната функција StepBake овозможува полесна подготовка на јадењето во чекори со рачно прилагодување на програмата во три чекори од процесот на печење. Опцијата која сигурно ќе ги воодушеви сите почетници е AutoBake, или целосно автоматизирани програми за готвење со 22 темелно тестирани рецепти.
Благодарение на комбинацијата на заоблената форма и големиот простор од 77 литри, ќе добиете одлични резултати. HomeMade обликот е дизајниран со цел рамномерно да дистрибуира топол воздух низ целата внатрешност на рерната, што секогаш дава совршени резултати. Дополнително, оваа функција придонесува за печење на неколку нивоа, бидејќи Gorenje OptiBake ја има и функцијата за печење повеќе нивоа со која можете да печете до пет јадења во исто време. Опцијата SteamAssist им овозможува на корисниците да вбризгаат пареа за да добијат совршено крцкава кора.
Повеќе од 70 години, иновативноста и дизајнот на Gorenje апаратите за домаќинство го направија животот поубав и поедноставен, па така е и овој пат. Покрај сите овие карактеристики, сѐ што ви треба за да ја одржувате вашата рерна чиста е да изберете еден од неколкуте системи за самочистење. За оние кои сакаат да ги надминат своите граници и да станат подобри и позадоволни кулинарски мајстори, OptiBake е идеалното решение. Уживајте во слободното време, а подготовката на храната нека ви биде вистинско задоволство. Можете да дознаете повеќе за новите вградни рерни на Gorenje на mk.gorenje.com.
ПР објава