Нема да најдете посекси Дедо Мраз од овој: Викторија Бекам сподели фотографија од Дејвид која им го разубави денот на многумина

Добивај вести на Viber

Следбениците на популарната креаторка на Инстаграм ѝ се заблагодарија што е несебична споделувајќи спонтани моменти од нејзиниот дом - овој пат дека Дејвид Бекам поправа по дома во долна облека

Модната дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам често споделува фотографии од својот сопруг Дејвид на Инстаграм и обично привлекува големо внимание, а сега ги почести фановите со глетка на поранешниот фудбалер во долна облека.

Имено таа објави фотографија од својот животен партнер како лежи на под во долна облека и поправа нешто околу телевизорот, а Викторија се пошегува дека во куќата има мајстор.

- Дојде електричар да го поправи телевизорот... Нема на што!

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Многумина од следбениците на Викторија ѝ се заблагодарија што објави ваква фотографија од нејзиниот сопруг, кој со години е еден од најпосакуваните мажи на планетата, а некои имаа и многу духовити коментари.

„Божиќна честитка за цел свет“, „Кажи ми дека не сум единствената што зумирала“, „Викторија Бекам работи хуманитарна работа за време на празничната сезона“, „Што и да поправа и моето се расипа“ се дел од коментарите на девојките кои ја следат госпоѓа Бекам на Инстаграм.

Најдуховит беше актерот Џеси Тајлер Фергусон, кој напиша:

- Во моментов го кршам телевизорот.

Да потсетиме, Викторија и Дејвид Бекам се во брак од 1999 година, од кој ги имаат синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.


Извор: glossy.espreso.co.rs