„Нема ништо поубаво во животот од подоцна да процветате“: Цитатите на Селма Хајек за жените постари од 50 години

Добивај вести на Viber

Пораките на актерката Селма Хајек за убавината, процесот на стареење и развојот – доколку се соочувате со брчки и седа коса, лесно ќе се пронајдете во овие зборови.

Актерката Селма Хајек има играно во многу одлични филмови, иако улогата што се издвојува секако е ликот на Фрида Кало од филмот „Фрида. Таа сега има 56 години и често во интервјуата објаснува како ужива во процесот на стареење, објавува фотографии на мрежите со сива необоена коса и слики на кои се гледаат бори.

Многумина сè уште ја сметаат за една од најубавите актерки, а нејзината харизма е засилена со тоа што не се труди да изгледа значително помлада отколку што е. Некои од нејзините цитати за убавината, стареењето, развојот и расположението можат да мотивираат многу жени, особено оние кои моментално се соочуваат со брчките и процесот на стареење.

„Мислев дека тоа што сум постара значи дека нема да работам; работам. Мислев дека можеби да бидеш постар значи дека повеќе не си заљубен; јас сум заљубена“.

„Не ја фарбам косата затоа што сум љубопитна да видам како ќе изгледам со седа коса. Сигурна сум дека во следниот филм ќе ми кажат - „извини, ќе мора да се фарбаш“ но уживам да гледам како расте седата коса. Немам ботокс. Можеби подоцна ќе го сменам мислењето, но засега ми е удобно да имам педесет години. Удобно ми е во сопствената кожа“.

„Ќе ви кажам, нема ништо поубаво во животот од доцниот цут. Верувам дека успехот може да се случи во секое време и на која било возраст“.

„Луѓето често велат дека „убавината е во окото на оној што гледа“, а јас велам дека најослободувачката работа во врска со убавината е сфаќањето дека вие сте тој што гледа. Ова ни дава сила да најдеме убавина на места каде другите не се осмелуваат да погледнат, вклучително и во нас самите“.

„Си докажав себеси дека ако верувам во нешто и се насочам кон тоа, можам да го остварам тоа.

„Ако се чувствувате очајно, заклучете се во соба, застанете пред огледало и танцувајте - насмејте се и бидете секси. Играјте го најглупавиот и најгрдиот танц што некогаш сте го танцувале. Исмејте се и обидете се да ја вратите вашата смисла за хумор“.

„Можете да бидете илјада различни жени. Ваш избор е која сакате да бидете. Се работи за слобода и суверенитет. Славете која и да сте“.

„Животот е тежок; и ако имаш способност да се смееш на него, имаш способност да уживаш во него“.


ФОТО: Инстаграм