Нема поубави пролетни фризури од овие три: Изгледаат моќно, бришат години од лицето и веќе се најбарани во салоните

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Откријте кои три фризури ќе бидат модерни оваа пролет

Боб фризурите се многу популарни и оваа година. Популарниот боб одговара на секој облик на лице, на косата ѝ дава поинаков облик, го подига лицето и визуелно не прави да изгледаме помлади.

Сепак, особено овие три боб се издвојуваат и се меѓу најбараните во салоните оваа сезона.

1. Тап боб со средна должина

Оваа класична фризура никогаш не излегува од мода, а за пролетта 2023 година популарна е верзијата со средна должина, до брадата или малку пониска. Овој стил изгледа модерно и минималистички и може да се прилагоди на речиси секоја форма на лице.

2. Долг лоб со патец насредина

Фото: Profimedia


И оваа фризура ќе ги одбележи деновите што претстојат, а особено добро ќе им изгледа на оние со долгнавесто лице. Патецот во средината овозможува опуштен и помодерен изглед, а во комбинација со неколку слоеви во косата создава волумен и текстура.

3. Текстурирана пикси боб

Фото: Profimedia


Пикси боб, односно потполно кратка боб фризура е идеална за оние кои имаат виткана или брановидна коса бидејќи фантастично ја истакнуваат нејзината природна текстура и ѝ даваат дополнителен шарм.

Извор: stil.kurir.rs