Нема проблем да стави силикони: Ивана Јо се преполови со подврзување на желудникот, но ќе оди на друга операција

Кумановката Ивона Јовановиќ позната како Ивона Јо, реши да одговори на неколку анонимни прашања од своите следбеници.

На прашањето „дали ќе стави силикони?“ , Ивона откри дека животот ја научил никогаш да не вели никогаш, но дека засега нема таква желба. Тоа воедно ѝ било најпоставувано прашање, па затоа не ѝ е јасно дали како по дифолт доаѓа кога некој ќе ослабне да стави силикони.

Исто така Ивона откри дека ќе прави нов оперативен зафат, односно дека ќе ја острани вишокот кожа.

Имено Ивона го промени својот начин на живот пред една година, кога направи операција на желудникот и со промена на своите навики и животен стил, таа успеа да симне повеќе од 63 килограми. 

Процесот на трансформација, и за тоа колку се променило нејзиното тело, храбро споделува на социјалните мрежи, а досега повеќепати истакна дека е горда на телото и лузните по него, после операцијата.