Нема таква плата поради која би го пропуштила растењето на моите деца: Подобро да си добра мајка отколку добра работничка

На интернет форумите наидовме на приказната за една млада мајка која решила да остане анонимна. Нејзиниот став за работата и мајчинството предизвика лавина коментари и дискусии.

„Веќе не сум таа будала што ќе дозволува бабите да ми ги одгледуваат децата додека јас полнам туѓ џеб. Едно од моите деца имаше три години, а другото една година кога се вратив на работа. Колку и да мразев, си велев како и сите други луѓе - „Мора да заработиш пари“.

Работев за минимална плата, а дополнително добивав некој бонус во месеците кога вложив дополнителен труд и работа. Класичната работа од 9 до 5 ми ја исцрпи целата енергија, а кога ќе се вратев дома ме чекаа две малечки лица кои едвај чекаа да ме видат. Мајката на мојот сопруг ги чуваше и бев свесна дека не е добар избор за воспитување на моите деца, но немавме друг избор. Ги пушташе да прават што сакаат, ги навикна на хистерија кога не добиваа нешто, да ме удираат... Им даваше храна од подот... Правеше сè што јас како мајка никогаш не би направила.

Тогаш еден ден само ми препукна и реков - Да се ​​биде добра мајка има поголема вредност отколку да се биде добар работник! Времето за кое работев, од 9 до 5, беше доволно време за една „незаинтересирана учителка“ како свекрва ми засекогаш да им го расипе однесувањето на моите деца.

И на крајот само јас ќе останам со проблематични деца и само јас ќе бидам виновна за тоа како се однесуваат. Поминав цела ноќ на компјутер барајќи работа која не бара многу време и која можам да ја работам од дома. Успеав во тоа.

Заработката не беше многу повеќе од она што го добивав до сега, но беше доволно за да живееме нормално. Со задоволство ја напуштив работата и ѝ реков на свекрва ми дека понекогаш може да не посети. Моите деца сега покрај себе го имаат оној што најмногу го сакаат и кој навистина им посакува добро.

Нема учител кој ќе знае да ги воспитува децата подобро од нивната мајка. Децата растат додека да трепнете и многу родители најмногу жалат затоа што пропуштиле голем дел од нивното растење. Ќе заработите, но никогаш нема да го вратите времето што сте го изгубиле со тие мали, невини лица.“

Извор: oazaznanja.com