Животна училница // Приказни
Немам доверба во институциите: Северина искрено за старателството над синот
- 05 Јуни, 2019
Северина гостуваше во емисијата „У свом филму“ на хрватската национална телевизија и искрено проговори за борбата во судовите низ која поминува поради старателството над синот Александар.
- Пет години мачење. Немам доверба во институциите, но тоа е животот. Улогата на мајка е најважна во животот и непотребно е да зборувам за тоа. Имам среќа што сум мајка на едно прекрасно битие - раскажа популарната пејачка.
Северина во истото шоу нагласи дека треба повеќе да се зборува за женските права.
- Нашиот систем не функционира и за некои работи не треба да се молчи. Многу ми се допаѓа движењето кое го покрена Јелена Велјача - прокоментира таа.