НЕОДОЛИВА УБАВИНА, МАКЕДОНСКА: МАРИЈА ПИЈАНМАНОВ
Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската, женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.
Нејзината романтична природа е очигледна и тука, во симултаното интервју. Конгруентна е, соодветствува не само на убавината (неодолива, македонска), туку и со начинот, стилот на живеење (француски). Неодминливо и со парискиот шик. Елеганцијата дополнително ја потенцира и едната и другата. Просто неразделни се.
Марија Пијанманов инаку живее и во Париз и овде, со нејзиниот сопруг Константин Плевнеш (режисер и сопственик на универзитетот ЕСРА). Се чини дека француската метропола им прилега и на обајцата, дури повеќе оттука и покрај тоа што често се во Скопје. Меѓу другото, заедничка им е и љубовта кон уметноста. Без оглед на вокацијата (историчарка), моментално се подготвува за магистерскиот труд по филмска режија - снима документарец. А, освен музиката, нејзина страст е и модата секако, забележлива и овде, на фотографиите.
СИМУЛТАНКА
ММ: Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?
М. П.:Идентично, еквивалент на машката убавина е женското срце, и убавината, и шармот. Нема поделби во нивната заедничка целина, тоа е именител кој се придобива со срце, од каде што доаѓа убавината. Убавината и на жената и на мажот е секогаш важна и се состои од погледот кон неа, затоа што сѐ започнува од лицето. „Љубовта има лице, кога сакаш некого - љубовта го носи неговиот лик“ е позната мисла на филозофот Платон.
ММ: А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?
М. П.: Не можам да одолеам на лице со поглед без зборови, кој е одговор на сѐ. Вистинската личност гледа во вашето лице, вие се познавате и сѐ е толку посебно и прекрасно кога имате навистина интелигентен партнер. Преферирам спиритуален шарм кој те учи на животни тајни, исто така сакам таленти од уметноста: поезија, музика, пеење, пишување, сликање.., а кога нешто искрено посакуваш, се остварува. Истовремено џентлмен и бунтовник без причина, храбар, но и со детска душа. Секојдневно среќна во такво животно опкружување. Никогаш не ме привлекол некој, некогаш, затоа што имал скап часовник, златен ланец, скап автомобил или брендирано сако, туку талентот, и убавината, и начинот на вниманието. Веројатно вистинскиот маж е и без тоа веќе оформена личност, со личен стил на живот и се грижи за вашиот заеднички животен стил. Ми се допаѓа репликата на Мерилин Монро во еден познат холивудски филм: „Колку што жената треба да биде убава за еден маж, толку и тој треба да биде богат за неа“. Колку искрено и шармантно, нели? Ха, ха, ха!
ММ: Дека таинственоста е својствена за вас жените - тоа е факт, а ние мажите доста често се прашуваме што сакате всушност. Па, ќе ни олесните ли - кои работи (се разбира, во смисла на квалитети) ги барате во мажите, одосно кај нив? Можеби самодоверба, заштитнички однос..?
М. П.:Жената е универзум со свои правила, универзумот е мистерија и тоа е закон на природата. Мажот ќе ѝ се приближи или ќе се оддалечи од жената во зависност од тоа колку умее да го почитува женскиот свет на таинственост бидејќи во легендарниот филм „Турист“, со прекрасните Анџелина Џоли и Џони Деп, кога ликовите кои ги глумат се среќаваат на патувањето во возот, тој и поставува многу прашања на кои таа му одговора кратко и мистериозно: „Жените не сакаат премногу прашања“. Можеби со тоа сака да се даде акцент на една важна работа, жената не треба да биде лесно освоена и да му се предаде на мажот бидејќи тој, како ловец, сака лесно да го придобие пленот. Жената треба да му даде задачи полни со загатки, ако ги реши загатките, дури тогаш заслужува вистинско внимание за восхит. Жената треба да е најдобрата инвестиција што мажот некогаш ја имал. Целото интервју на Марија Пијанманов прочитајте го на Машки магазин.