Неодолива убавина, македонска: Ребека Ле Мон
Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската, женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.
Во нејзината убавина може да се увери секој што ја следи на Инстаграм бидејќи таа е блогерка. Следбениците на Ребека Ле Мон се многубројни, а темите за кои зборува отворено се интересни, привлечни за мнозинството. Несомнено и фотографиите. Родум од Скопје, на 12 години се преселила во Франкфурт, Германија. Таму го завршила и основното и средното училиште, како и студиите по маркетинг и комуникација. Се дообразувала во Малага, Шпанија и во Нинберг каде што се здобила со мастер за финасии. Тоа време го запознала Марк и набргу се преселила во Сан Франциско, кај него. Денес ужива во мајчинството. Времето на Инстаграм го минува незалудно, пишува за healthy lifestyle, за модата.., но не изостануваат ни советите за мајките и moms to be. Снимките ги прави самата бидејќи фотографирањето е исто така нејзина страст.
СИМУЛТАНКА
ММ: Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?
- Ќе кажам само дека убавината на една жена е убаво да оди со убавината на душата на еден маж.
ММ: А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?
- Никогаш не сум можела да одолеам на УМСТВЕНИТЕ атрибути. Убавината е минлива. Секогаш велам дека по убав човек можеби ќе се завртиш кога ќе помине покрај тебе, со слаткоречив човек ќе застанеш, но со добродушен и паметен човек ќе останеш. Често добивав, па ајде да кажеме сѐуште согледувам дека на многу луѓе им е чудно што сум мажена со 23 години постар човек од мене. Многупати ме прашуваат како се снаоѓам и секогаш ќе им го одговорам истото, секогаш имав постари партнери од мене, па дури и постари другарки, зашто никогаш не сум знаела да се снајдам со луѓе на моја возраст. Животот и околностоте ме натераа да пораснам многу брзо и никогаш немав време да бидам тинејџерка, туку од child отидов право на adult. Тешко беше - да, но денес сум благодарна за сѐ што ме натерал животот да направам, зашто ако не се случело сѐ тоа што се случи никогаш немаше умствено да сум таму каде што сум сега. Затоа секогаш ќе ги одберам умствените атрибути пред физичките. Марк ме освои со ГЛАСОТ, па со начинот на размислување за многу работи во животот, со неговото знаење за сѐ, некогаш му велам дека е како google, што и да го прашам е како енциклопедија, сѐ знае, таков човек ми треба како партнер, што ќе ме мотивира да научам и јас нешто од него. Интелектуалната моќ секогаш ми била на прво место и ќе ми остане.
ММ: Дека таинственоста е својствена за Вас жените - тоа е факт, а ние мажите доста често се прашуваме што сакате всушност. Па, ќе ни олесните ли - кои работи (се разбира, во смисла на квалитети) ги барате во мажите, одосно кај нив? Можеби самодоверба, заштитнички однос..?
- Би можела само да одговорам од моја перспектива, мислам дека секоја жена бара нешто различно. Како што одговорив на претходното прашање, интелектуалната моќ за мене лично е најважна. Потоа заштитничкиот однос, тоа навистина секогаш сум го барала кај партнерот и можеби затоа и сакав секогаш да се постари од мене. Многу ќе кажат “оваа дефинитивно има daddy’s issues, но дефинитивно мислам дека се во грешка. Нема ништо поубаво од тоа, барем за мене, кога ќе се осетам заштитена и навистина сакана. Исто така, многу ми е важно партнерот да има добра душа и брзо да простува, да не е злопамтило и дури и кога сме скарани, да е тука за мене. Има една слика од постар брачен пар која беше доста позната на Инстаграм каде што парот седи на клупа и врне, двајцата се лути еден на друг, имаат такви намуртени лица, но тој ѝ го држи чадорот врз неа за да не ја врне и покрај тоа што ѝ е лут. Баш на ова мислам. Иако сме лути еден на друг, да знам дека сепак би бил тука за мене.
ММ: Господин човек, џентлмен визави мачо, т.е. мачизам? Кавалерство наспроти супериорно држење во однос на жените? Ја согледувате ли разликата? Кому му давате предимство?
- Да, ја согледувам разликата. Според мене, кавалер е маж од 50-тите години, кој се грижи за жената, но не ѝ наредува, ја почитува, ја сака. Отсекогаш сум била старомоден тип на девојка и сум сакала мажот да е маж, а жената да е жена. Не го гледам тоа како да е тој супериорен во однос на мене ако јас не работам или ако само тој ги снесува да речам финансиите во домот.
Секогаш сум го почитувала односот на паровите како во 50-тите години кога жената го чека мажот дома, таа се грижи за домот и децата, а тој за финансиите. Ги почитувам жените што сакаат да бидат независни и убаво е тоа што сакаат да учествуваат во сѐ, но за мене тој човек што е одговорен за домот е господин човек, фамилијарен човек, кавалер и одговорен човек. Целото интервју на Ребека Ле Мон прочитајте го на Машки магазин.