Непогрешлив избор: Во овие пет бои ќе изгледате отмено и елегантно оваа зима
Нема грешки со овие
бои оваа зима!
Боите кои апсолутно зрачат со луксуз и следење на актуелните случувања во светот на модата се кријат во актуелните колекции на многу брендови.
Зимскиот стил на облекување најчесто се препознава по слоевитост, потемни и неутрални бои, но има бои кои го прават целиот стајлинг пораскошен.
И оваа модна зима ќе биде обележана со потемни, но ефективни бои. Покрај нежната кремаста боја, ќе се истакне и хит бојата на годината - зелената, но многу е присутна и кафената, која неправедно беше запоставена претходните години.
Кафена
Освен што кафената боја се повеќе се бара како нијанса за ноктите, се чини дека е време да се пресели и во нашите плакари.
Експертите велат дека кафената е новата црна и дека е дозволено да се комбинира со сите други бои, па што ни преостанува освен да ги слушаме нивните совети оваа зима.
Жолта
Доколку сте од оние дами кои сакаат да експериментираат и комбинираат светли бои, оваа боја дава безброј можности.
Оваа боја одлично ја истакнува бојата на косата на бринетите и црвенокосите жени, а комбинацијата која секогаш остава впечаток е тегет или кралско сина и жолта боја.
Зелена
Зелениот тренд продолжува. По пролетната и летната доминација, јасно е дека оваа боја заслужува да биде прогласена за најбарана во 2021 година. Оваа боја се поврзува со елеганција и моќ.
Сите нијанси на бојата беж
Нема ништо лошо во беж. Таа е вечна боја - боја која симболизира елеганција и минимализам, а во неа секогаш ќе изгледате привлечно и многу „скапо“. Сите нијанси на беж се „дозволени“, па дури се препорачува и комбинирање на различни нијанси на беж. Што и да одлучите, нема да погрешите кога станува збор за бојата беж.
Бела
Белата не е типична зимска боја и најчесто ја поврзуваме со летните комбинации, но всушност изгледа божествено на зимските парчиња облека. Изгледа отворено, моќно, префинето и елегантно. Наша препорака е да комбинирате бело со светло беж парчиња облека, бидејќи таквата комбинација е софистицирана и многу тренди.