Непогрешливата Летиција: Спектекуларна во фустан од H&M за кралската гала вечера
Шпанската кралска двојка отпатува за Шведска.
Официјалната дводневна посета на кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести започна
со прием во Кралската палата во Стокхолм.
Таму ги пречека шведското кралско семејство, предводено од кралицата Силвија, кралот Карл XVI Густаф, принцезата Викторија, принцот Даниел, принцот Карл Филип и принцезата Софија.
После тоа, Летиција и Фелипе се упатија кон Музејот на Нобеловата награда во друштво на нивните домаќини.
Како што обично се случува во вакви прилики, првиот ден од посетата заврши со свечена вечера организирана во палатата.
Кралицата Летиција била доста мудра во својот моден избор па на вечера дошла во фустан од еден од најпознатите шведски брендови. Секако, тоа е H&M, а Летиција овој пат ја облече нивната балска тоалета од линијата Conscious.
Долгиот волуменозен темносин фустан од тул е целосно изработен од рециклиран полиестер. Декориран е со мали рафли, а на задната страна има длабоко V деколте со панделки кои се врзуваат во машна. Бидејќи ова е стара колекција, фустанот повеќе не е во понудата на брендот.
Фото: Профимедиа/H&M
Кралицата Летиција маестрално спои 2 водечки трендови: Овие парчиња мора да ги има секоја жена во плакар есенва (ФОТО)