Животна училница // Семеен Албум
Непроценливо е времето поминато во игра и читање со децата
Во последните години се повеќе се применуваат интерактивните методи на учење со децата.
Истражувањето на Уницеф покажа дека децата кои од мали нозе се дружат со книгите, прилагодени на нивната возраст, постигнуваат подобри резултати на училиште и развиваат критично и логично мислење.
Во издание на Еуробук неодамна се појави таква едиција на книги, која доаѓа во комплет со играчки, па децата преку игра и читање учат за разни работи, како животот на село и домашните животни.
Исто така, многу важно е родителите да поминат време со децата во нивната едукација, бидејќи сепак времето кое ќе го поминат со најмилите е непроценливо, а од друга страна влијае врз развојот на вештините на децата, како и создавањето на љубов кон книгите од мали нозе.