NESCAFÉ 3in1 ДОНИРАШЕ КОМПЈУТЕРИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА БИБЛИОТЕКА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
КомпанијатаNestlé, која во рамки на кампањата NESCAFÉ 3in1 Start Smart, во текот на претходните месеци собираше средства за отворање на мултимедијалниот центар во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на оваа институција и донираше девет „all-in-one“ компјутери кои слободно можат да ги користат сите студенти. За оваа донација, Nestlé во текотна кампањата одвојуваше средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ.
Компјутерите се поставени во главниот хол на библиотеката, а во план е, во склад со трендовите за дигиталиузација на книгите, на нив да се постават дигитализирани материјали, со цел да бидат уште подостапни за корисниците. Освен тоа, студентите и другите посетители можат компјутерите да ги користат за истражувања, пишување трудови, групна работа и други секојдневни обврски во текот и по завршувањето на студиите.
Бројни меѓународни студии покажуваат дека поголемиот број студенти и млади смета дека дигиталната технологија позитивно влијае на нивното образование и разбирањето на градивото.
„Посетителите на библиотеката се исклучително задоволни со новата опрема, подарок на компанијата Nestlé и брендот NESCAFÉ 3in1“, нагласува Марко Цуцуловски, раководител на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. „Компјутерите се особено корисни за работа во групи, што за сега најмногу го користат студентите на медицина, на кои атласите, кои им се неопходни за студирање, сега им се многу подостапни. Благодарни сме што компанијата го препозна значењето на помагањето на образованието и дигитализацијата и сигурни сме дека оваа донација ќе го унапреди квалитетот на школување и унапредување на знаењето на многу млади луѓе“, доаде Цуцуловски.
Освен компјутерите, во холот на библиотеката се поставени и фотелји и полици на кои корисниците можат да ги пронајдат најновите книги и часописи на англиски јазик.
„Nestlé се свесни дека подобрувањето на квалитетот на живот и создавањето успешна заедница почнува со образованието“, истакна Соња Шливиќ, бренд менаџерка на NESCAFÉ 3in1 по повод врачувањето на компјутерите во библиотеката. „Секогаш сме тука да ги поддржиме младите во потрага за дополнително усовршување и образование исметаме дека тоа е обврска на сите големи компании. Оваа акција е само една од бројните кои Nestlé ги спроведува, а кои се насочени кон подобрување на положбата на младите луѓе во општеството“, заклучи Шливиќ.