(Не)урбаниот живот во Скопје
Се размислував многу на темата на оваа колумна, а со оглед на тоа што доаѓа сезона на урбани светски настани решив темата да ја посветам на нив, со мала дигресија на она што се случува кај нас.
amFar Гала Кан 2019 - Америкаската Фондација за истражувања во СИДА е меѓународна непрофитна организација посветена на поддршка на истражување на СИДА, превенција од ХИВ, едукација за третманите и подржување на политики во врска со СИДА. Традиционално секоја година се одржува во Канскиот „Hôtel du Cap“ познат како еден од најуспешните светски добротворни настани, и секогаш е за време на Канскиот Филмски Фестивал. До денес на овој настан се собрани повеќе од 220 милиони долари донирани во научно-истражувачки програми за едукација во борбата против СИДА во светот.
Се прашувам зошто во Македонија, борбата против СИДА е сведена на покревање иницијативи само од невладини организации, волонтерски настани и од време на време некоја статистика за бројот на заболени од СИДА.
„Coachella“, 12 април 2019 - Фестивалот на музика и уметност
“Коачела” се одржува традиционално секоја година во Емпире Поло Клубот во
Индио, Калифорнија. Настанот вклучува голем број музички артисти и различни
жанрови вклучувајќи поп, рок, хип хоп, електронска музика како и голем број на
уметнички инсталации и скулптури. Овој популарен музички хепенинг кој секоја
година ги вклучува најголемите музички имиња како Бијонсе, Кање Вест, Ријана и
други датира од 1993 година кога Пеарл Џем одржаа концерт во Емпире Поло Клубот
се со цел да ги бојкотираат сите места контролирани од Тикетмастер.
„Burning Man“ се одржува во пустината Блек Рок во Невада, од 25 август 2019.
За настанот „Burning Man“ дознав преку инстаграм постовите на еден познаник од Украина кој го запознав на Форбес, кој беше толку фасциниран што се трудеше секој момент визуелно да го пренесе. Овој настан кој датира од 1986 година е познат како ескперимент на општествена уметност, под влијание на 10 клучни принципи: радикална инклузија, радикално себе-подржување, радикално изразување, општествен труд, граѓанска одговорност, давање, декомодификација, учество, блискост и не оставање на трага. Настанот го добил своето име од кулминација на симболичен ритуал на палење на голема дрвена скулптура ( Човекот ) што традиционално се случува во саботната вечер на настанот.
Скопје пролет 2019 - ништо поразлично од лани, стандардни музички концерти и маратон. Урбаниот живот во Скопје одамна не се менува.
Излегуваме на истите места со истите луѓе, само календарски годината се смени.
Се забавуваме на истите места со истите луѓе и чекаме момент барем на кратко „да побегнеме“ од тука.
* Аријана Коскарова е ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019