Невозможно е да изгледате лошо во него: Фустанот во кој шведската принцеза Викторија зрачи со елеганција и женственост
Наједноставните тоалети понекогаш се најдобрата опција, а тоа добро го знае и идната шведска кралица.
Шведското кралско семејство присуствуваше на церемонија каде, како и обично, најголемо внимание привлече престолонаследничката принцеза Викторија, која за оваа пригода имаше специјален фустан.
Имено, таа се појави во фустан на модната куќа Салони, модел со макси должина кој е погоден за празнични пригоди, свечености и прослави.
Станува збор за фустан со V-деколте и долги ракави, кој визуелно го подига струкот и прави фигурата да изгледа послаба. Од колковите, фустанот малку се проширува и паѓа покрај телото, а се истакнува со ефективен дизајн - мал цветен принт на светло розова позадина.
Шведската принцеза го искомбинирала ова парче со крем салонки, а во еден момент се покрила со кремов шал, со што изгледа уште поелегантно.
извор:GLOSSY