Незаборавна акција на Filmbox

Добивај вести на Viber

“Black Water”

Белгиската акциона ѕвезда, Жан Клод Ван Дам, се враќа на филмското платно во главната улога од фантастичниот акционен трилер, “Black Water”. Вистинската магија во филмот се случува кога на сцената ќе се приклучи и Долф Лундгрен. Ван Дам и Лундгрен досега соработуваа пет пати од 1992 година, кога двете икони од 80-тите разменија по неколку удари и куршуми во нивниот прв заеднички филм „Универзален војник“.

“Black Water”, раскажува за Скот Вилер (Ван Дам), таен агент кој се буди заедно со друг затвореник, Марко (Лундгрен), затворен во таканаречено „црно место“ на ЦИА, на доградена нуклеарна подморница. Барајќи помош од млад агент и друг затвореник, тој влегува во трка со времето за да избега и да открие кој го наместил.

“Black Water”, на 21 октомври, од 21:00 на Filmbox Premium.

“Нова Управа“

Веќе во подоцнежни години, еден шеф на мафијата во Бруклин го повикува својот внук Роберт Монте, момче од Волстрит, кој досега бил заштитен од „Семејниот“ бизнис. Дон бара ветување дека ако нешто му се случи, Роберт ќе ја води неговата екипа за да не го поминат остатокот од својот живот во затвор. Роберт му дава неволно ветување, неочекувајќи неговиот вујко наскоро да умре. 

Но, кога тој ненадејно умира, Роберт го трансформира клубот на мафијата во канцеларија за недвижнини и се бори да ја навигира екипата во легитимни кариери. Во меѓувреме, убавата агентка на ФБИ по име Џули Кап непрестано работи за да подигне РИКО обвиненија против Роберт и неговата екипа, кои едноставно не можат да не се вратат на старите добри навики. 

За трката на мачка и глушец стане уште похаотична, Роберт и Џули започнуваат да развиваат чувства еден за друг. Дали овие љубовници конечно ќе се препуштат на нивната страст? Дали Роберт ќе успее да ја легализира мафијата? Ќе пропаднат ли обвиненијата на Џули?

Дознајте во филмот „Нова Управа“ кој ќе се емитува на 25 октомври од 21:00 на Filmbox Stars.

„Правдина за сите“

„Правдина за сите“ е американски акционен серијал напишан од Стивен Сигал кој се емитуваше две сезони во 2011 и 2012 година. Сигал го глуми Елајџа Кејн, шеф на „Специјалната истражна единица“, тајна полициска служба, во Сиетл, Вашингтон.

Неговиот полициски тим е познат по тоа што на улиците спроведува често брутален стил на спроведување на законот, сличен на она што го прави Кејси Рајбак на брод.

Дејството на екранот се случува во Сиетл, Вашингтон, и поширокиот регион Пуџет Саунд, додека Одделот на шерифот се наоѓа во измислена област Еверет, со седиште во самиот центар на Сиетл. 

Повеќето епизоди од првата и втората сезона прикажуваат заплети кои вклучуваат економски депресивна заедница на брегот на Сиетл, позната како Камп Хармонија, историско место за интернација од Втората светска војна, кое се наоѓа во сегашен Пујалуп, Вашингтон. Заедницата е претставена како еклектичен микс од домородните Американци, имигранти од источна Азија, сиромашни белци кои живеат во приколки, поранешни осуденици и бегалци од последиците на ураганот Катрина.

Епизодите можете да ги следите секој петок од 21:00 на Filmbox Stars.

„Вангард“

„Вангард“ е кинески акционо-авантуристички филм од 2020 година, напишан и режиран од Стенли Тонг, со Џеки Чен, Јанг Јанг и Мија Мучи во главните улоги, и ја означува шестата соработка помеѓу Чен и Тонг.

Премиерата на филмот првично требаше да биде на 25 јануари 2020 година во Кина, но беше одложена поради пандемијата на COVID-19. Подоцна беше објавен на 30 септември 2020 година во Кина, 20 ноември 2020 година во САД и 25 декември 2020 година во Индија. Филмот доби претежно позитивни критики, при што критичарите ја пофалија изведбата на Џеки Чен, како и акционите секвенци и музиката. Филмот се снимал во Замбија, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, Индија и во Лондон. Во јануари 2019 година, Џеки Чен за малку ќе се удавел снимајќи сцена со џет ски за филмот.

Приказната за „Вангард“, тајна безбедносна компанија која е последната надеж за преживување на еден сметководител откако ќе биде мета на најсмртоносната платеничка организација во светот, гледајте ја на 31 октомври од 21:00 на Filmbox Extra.

Пиар објава