Незапаметена трагедија за Мараја Кери: Во ист ден починаа нејзината мајка и сестра -„Моето срце е скршено“

Добивај вести на Viber

Невидена трагедија ја снајде познатата пејачка Мараја Кери минатиот викенд, кога во еден ден починаа нејзината мајка и сестра. Музичката ѕвезда ова го потврди за американските медиуми.

Мараја Кери сподели со загрижените обожаватели дека моментално ги минува најтешките денови од својот живот откако зборувала со трогателни зборови.

„Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден“, изјави пејачката за „People“.


Потоа се обидлае да најде утешни зборови и во болните моменти да се сети на убави спомени од времето поминато со најважната жена во нејзиниот живот.

„Се чувствувам благословена што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам љубовта и поддршката од сите и почитта кон мојата приватност во овој невозможен период“, рече таа во официјалното соопштение.

Засега не се познати други детали, вклучително и причините за смртта на Патриша и Алисон.

Патриша, која претходно беше во брак со Алфред Рој Кери, беше оперска пејачка и вокална тренерка обучена на „Џулијард“ пред парот да ги пречека Алисон, Марија и синот Морган.

Нивниот развод следел кога пејачката имала само три години, а познато е дека нејзиниот однос со мајка и бил многу комплициран.

„Како и многу аспекти од мојот живот, мојот однос со мајка ми е полн со противречности и конфликтни реалности. Никогаш не беше само црно-бело - тоа беше цело виножито од емоции“, напиша Мараја во своите мемоари од 2020 година.

Односот на пејачката со нејзината сестра Алисон исто така бил доста сложен. Ѕвездата во своите мемоари напишала дека барем во тоа време и било емотивно и физички побезбедно да нема никаков контакт со неа или нејзиниот брат Морган, пренесува „Хелоу“.

Бројни обожаватели и почитувачи на нејзиниот лик и дело и изразија длабоко сочувство на пејачката за трагичните загуби.

Извор: Zena.blic.rs