Ни се роди син со попреченост, но сопругот го игонорираше: Потоа добивме и ќерка, па се разведовме, а ова е повикот кој ме уништи
- Грижата за дете со посебни потреби често создава расцеп во семејството и обично еден од родителите ги презема практично сите обврски. Во нашиот случај, јас бев таа што ги презеде сите обврски, вели Австралијката Серена во нејзината исповед за „honey.nine.com.au“, која ја пренесуваме во целост.
„Мојот син со посебни потреби побара моја целосна посветеност. А, тогаш мојот сопруг Волтер и јас добивме ќерка. Беше тешко и заморно и нашиот брак не траеше. Тоа не ме изненади. Бев изненадена од неговото однесување по разводот.
Имено, откако се разделивме, тој почна да ме демне и плаши. Тогаш тој одеднаш стана мил со мене, очекувајќи да се помириме. Дури и многу, многу години по разводот, тој зборува за мене дека сум вештерка која одлучила да му го уништи животот.
Нашите деца веќе беа постари и редовно го посетуваа својот татко. Волтер преку нив ми испраќаше писма, наводно, се грижи за здравјето на нашиот син. Во тие писма, тој ме обвинуваше за секакви работи. Ќе читав и плачев, а ништо не и беше јасно на нашата ќерка - Волтер неа постојано ја опсипуваше со внимание и љубов. Тој не обрна внимание на својот син.
Последната капка што го скрши стаклото во нашата врска беше кога одбив да се помирам по којзнае кој пат. Почна да хистеризира пред децата и ме нарече ку*ва.
Од тој ден, јас одбив каков било контакт со него, а Волтер продолжи да ме малтретира уште повеќе. Работата заврши на суд, јас ги пријавив тие напади и насилство, и тој мораше да оди кај советник. Поради тоа, уште повеќе се плашев кога децата ќе одеа кај својот татко.
Во тој момент, нашата ќерка имаше 14 години, и за време на една нејзина посета на нејзиниот татко, на која беше без брат ѝ, Волтер ми се јави и ми рече дека девојчето „никогаш нема да се врати дома“. Не го интересираше за неговиот син.
Се разбира, веднаш се обратив до судот, бидејќи ги прекрши одредбите за старателство. Потоа дознав дека Волтер пријавил дека наводно сум насилена кон нашата ќерка. Кога успеав да докажам дека тоа не е точно, судот ни додели список на психолози со кои морав да соработувам. Ги повикав сите од таа листа, секој имаше листи на чекање за километри за нови клиенти, еден дури беше во пензија. Потоа добив одобрение од судот дека можеме да одиме кај психолог по наш избор. Волтер отфрли се‘ што предложив, освен она што тој го предложи.
На првата семејна терапија, се‘ беше во ред. Меѓутоа, вториот ден, ќерка ми воопшто не сакаше да ме поздрави. Наскоро, таа воопшто не сакаше да дојде на терапија. Имено, Волтер знаел дека не смее да одбие да ја донесе својата ќерка на терапија. Но, тој исто така знаеше дека ако неговата ќерка одбие да дојде, нема да ги сноси последиците, па ја убеди да каже дека таа повеќе не сака да доаѓа со нас на терапија.
Борбата на суд за мојата ќерка продолжи иако останав без пари и адвокатот ме предупреди дека може да останам без дом поради високите трошоци. Покрај тоа, моите шанси за победа беа минимални бидејќи мојата ќерка изјави дека не сака да има контакт со мене.
Повеќе не можев да ги поднесам трошоците бидејќи бев во опасност да ја загубам куќата што ми требаше да се грижам за мојот син. Избрав да ја прекинам борбата. Не долго потоа, имав удар што ме чинеше физичко и ментално здравје и како резултат на тоа ја загубив работата.
Денес, ситуацијата е таква што последен пат ја видов ќерка ми пред седум години. Таа сега е возрасна девојка која живее со својот татко. Се обидов да стапам во контакт со неа, но единствениот пат кога таа ми одговори на е -пошта беше кога ме праша за нејзините фотографии кога беше мала. Никогаш повеќе нема да бидам дел од нејзиниот живот.“, напиша мајката.
Фото: freepik