Ние не умираме, ние се бориме: Емотивно писмо на жена која го победи ракот

Бранкица Раковиќ од Бања Лука излезе како победник од битката со ракот, пишува белградски „Блиц“. Порталот ја пренесе емотивната порака на Бранкица објавена на нејзиниот Инстаграм.

1. Немојте луѓето со рак да ги гледате како на некој што умира. Не умираме. Се бориме. И вашиот поглед со кој нѐ погребувате не ни помага.

2. Не, ракот не го добив затоа што го „привлеков“. Не дојде од мојата глава, не сум јас виновна што го добив. Но, подобро е што го добив јас отколку некој што го сакам.

3. Ќелавите луѓе се убави. Не се чудни, не се заразни, не се ништо од тоа.

4. Нема такви зборови кои ќе ти помогнат кога ќе се разболиш. Затоа што, сите го повторуваат истото. Верувајте ми на зборот. Помогнете, бидете тука, но не филозофирајте. 

5. Немојте на личноста болна од рак која прима терапија да ѝ речете: каква терапија примаш? Што имаш од тоа? Го познаваш ли составот?

6.Ракот е моја работа. И моја работа е како ќе се носам со него.

7. Никој од нас не е херој. Никој од нас не барал да се бори. Ние ете, поинаку поминавме во делењето на картите. И ќе победиме. 

8. Радувајте му се на секој нов ден. Вашата радост нека биде заразна, нека свети. Секоја личност нека знае дека е важна, потребна и нечија“, се дел од зборовите на оваа храбра жена на Инстаграм.