Ние сме за жал еден експеримент, па нормално е резултатите за смртноста од Ковид-19 да се поразителни: Разговор со д-р. Пановски за Фактор
На почетокот се даваа антималарици, антихив терапија, потоа антикоагуланти, кортикостероиди, ковалесцентна плазма, озонотерапија, антибиотици....Во трката да се победи корона вирусот, од почетокот на епидемијата во земјава, постојано се менува терапијата на пациентите. Здравствените власти велат дека се постапува исклучиво според насоките и протоколите што ги дава Светската здравствена организација. Но, за жал, Македонија е на 8-то место по смртност во Европа од Ковид-19 и забрзано се искачува по скалилото.
Што не чини, каде се греши, ова е прашање кое секојдневно се поставува. Во однос на лекувањето и терапиите за болните пациенти од корона вирусот, Фактор поразговара со еден од врвните микробиолози во Македонија, д-р. Никола Пановски, кој вели дека ние за жал сме еден експеримент, кој сами си го правиме, заради што и смртноста кај нас е огромна во однос на бројот на насление. Тој досега неколку пати алармираше за неверојатната употреба на антибиотици, како и за комбинацијата на лекарстава кои им се даваат на пациентите, а кои немаат резултати во лекувањето на болеста.
Во однос на антибиотската терапија, посочува дека таа се дава исклучиво кај пациенти кои ќе развијат компликации поради бактериска пневмонија.
Микробиологот смета дека е крајно време здравствените власти да ги преведат насоките, односно протоколите за лекување на пациенти болни од корона вирусот од земјите кои, како што вели успешно се справуваат во борбата против Ковид-19.
-Хрватските протоколи се навистина одлични. Нека ги преведат тие, Хрватска е земја слична на Македонија, не мора подалеку да се оди.
Целосниот текст продолжува на Фактор.мк