Никогаш, ама баш никогаш жената никогаш не треба да го одвојува сопругот од мајка си – Психолог објаснува зошто
Мајката има незаменлива улога во животот на секој маж. Нејзиното влијание се протега низ детството и го обликува психолошкиот развој на секој син.
Влијанието на мајката врз мажот е огромно. Начинот на кој мајката комуницира со својот син и како се однесува со него влијае на неговото прво искуство со жените - без разлика дали се поддржувачки или потенцијално опасни, како да се воспостави блискост со нив, како да се изразат емоциите кон жените и како тој воспоставува различни форми на односи.
Затоа е исклучително важно каков е односот меѓу мажот и неговата мајка во детството, но и во подоцнежните години. Ако мажот има негативни чувства кон својата мајка и има многу резерви кон неа, тоа често резултира со проблеми во врската со другите жени во неговиот живот. Таквата личност често носи длабока несигурност и може да има негативни ставови кон женскиот пол, што дополнително влијае на семејните и партнерските односи.
Од друга страна, проблем може да биде и преголемата зависност од мајката. Здравата врска со мајката бара труд и желба за одржување силна и позитивна врска. Иако е природно да чувствуваме благодарност и должност кон нашите родители за она што го направиле за нас, важно е да работиме на постигнување рамнотежа помеѓу тие односи и односот со нашиот партнер.
Клучно е да се соочиме со овие прашања кога ќе се појави партнер во нашиот живот. Нашите родители нѐ родиле, нѐ воспитале и се грижеле за нас, иако сега имаме партнер кој ни стана важен дел од животот, тоа не значи дека треба целосно да се оддалечиме од родителите. Важно е нашата партнерка да го почитува нашиот однос со родителите, иако можеби не се согласува со сите аспекти на тој однос.
Почитувањето е клучно за секоја зрела врска и е показател дека нашата партнерка се грижи за нас доволно за да ја почитува нашата врска, дури и ако таа не ги дели истите чувства за нашите родители. Се разбира, улогата на партнерот не е да одлучува со кого ќе одржуваме контакт или кого сакаме, но заедно можеме да работиме на изнаоѓање рамнотежа меѓу семејството и партнерските односи.
Важно е жената да не се обидува да го одвои мажот од неговите родители бидејќи тоа може да создаде конфликти и да ја оштети врската. Мажот, од своја страна, треба јасно да комуницира со својата партнерка за да изгради цврста и хармонична заедничка врска која вклучува почит кон семејството.
ФОТО: Fripik