Никогаш досега не објавила вака провокативна фотка: Слобода Миќаловиќ опуштена во костим за капење

Добивај вести на Viber

Слобода Миќаловиќ е една од најпопуларните и најубавите актерки на балканската јавна сцена, па често секое нејзино појавување е проследено со големо внимание.

Српската убавица е активна на социјалната мрежа Инстаграм и објавува различни фотографии, но овој пат направи голем исклучок.

Актерката речиси никогаш не се облекува провокативно и секогаш е скромна, елегантна и со стил, а сега позитивно ги изненади своите следбеници. Таа реши да покаже како ги поминува топлите денови и каде го најде својот спас од сонцето и високите температури.

„Stand up paddling“ (веслањето со стоење) е доста популарно во последниве години, а токму во овој спорт се испроба актерката, додека не себе носеше кратки шорцеви и горен дел од костим за капење.

View this post on Instagram

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba)


Ова е нејзина прва објава во костим за капење и воопшто во вакво издание, а на фотографијата позира со капа, се сонча на даска, ужива на реката и се релаксира со пиво.

За многумина на оваа фотографија актерката изгледа подобро од било кога и повторно е пристојна како и секогаш и не носи провокативни костими за капење, па затоа треба да биде пример за многумина.

На нејзината фотографија прокоментира и славната Моника Белучи, со која се доста добри познанички.

Секако, ова се ретки моменти кога можеме да ја видиме Слобода во поопуштено издание, но мора да признаеме дека добро ѝ стои.

Извор: glossy.espreso.co.rs

*Слобода и Драгана веќе добро ги познаваме: Запознајте ја третата, подеднакво убава сестра Миќаловиќ (ФОТО)